Обвинителката Русковска: Се надевам дека ќе одговараат нарачателите за 27 април

Од:

По првиот дел од судењето во кривичниот суд за настаните од 27 април, обвинителката Вилма Русковска, на новинарско прашање, рече дека се уште е во предистрага предметот за нарачателите за насилството во Собранието.

„Јас навистина се надевам дека ќе има одговорност“, рече Русковска.

Обвинителката рече дека судењата може се чини дека траат предолго, но треба да се земе предвид фактот дека станува збор за обемен предмет и многу докази и во спротивно би имало коментари дека предметот предолго се одолговлекува.

„Со ништо не е нарушено правото на одбрана. Сите до еден од обвинетите се изјаснија дека не се виновни и во нивен интерес е да заврши постапката, можеби со ослободителна пресуда“ нагласи Русковска.

На прашање дали ќе го покани експремиерот Никола Груевски да сведочи во предметот, Русковска рече дека сметала оти не треба Груевски да биде повикан како сведок и дека тоа е предлог на адвокатите на обвинетите.

„Ако сметам дека треба да биде повикан, ќе го повикам“ додаде обвинителката.

Таа посочи дека целиот предмет со доказите бил рефериран во јавното обвинителство на проширен колегиум. Судењето продолжува по еден час пауза, каде ќе бидат сослушани уште тројца сведоци.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски