Обвинители ќе се бираат откако ќе се види дали ќе се изгласа законот поради кој се случува хаос во Собранието

Од:

Советот на јавни обвинители ќе бира обвинители во 11 обвинителства тогаш кога ќе се види дали пратениците ќе ги изгласаат измените на Законот за работни односи со кој ќе се овозможи јавните обвинители кои според сегашниот закон треба да одат во пензија, да можат да продолжат со работа. Втората причина поради која не се направи изборот е фактот што не е завршено оценувањето на кандидатите. Доколку Советот сега изберше нови обвинители од кандидатите, а Собранието ги изгласа измените, ќе има по двајца обвинители на иста позиција. За овој закон, два дена се случуваше хаос во Собранието.

„Навремено објавивме оглас, кога не постоеше предлогот за изменување на Законот за работни односи каде се дава можност за продолжување на мандатот. Сега со ова што се случува во Собрание, дали ќе се донесе или не, ќе биде преурането. Ако ние донесеме сега одлука за основен обвинител во Прилеп и се продолжи рокот за пензионирање на јавните обвинители, тогаш ќе имаме двајца основни обвинители. Затоа моравме да одложиме. Објавен е и оглас за сите обвинителства, сметавме дека најцелисходно е да се изврши извор одеднаш на сите обвинителства, да не одиме со цепкање на огласот. За законот ќе видиме, утре“, рече Антонио Јолевски, претседател на Советот за јавни обвинители.

Тој вели дека 11 обвинители требало да бидат заминати, ако не им беше продолжен мандатот со одлука на Советот, а сега и работниот век, со законот кој се чека пратениците да го гласаат на пленарна седница.

„Изборот беше закажан кога очекувавме да се направи оценувањето. Бидејќи настана процесен проблем со оценувањето, не ни се доставени навреме оцените и не е завршено оценувањето, особено за Вишото обвинителство во Штип каде кандидати се обвинители од тоа обвинителство, а и сегашниот јавен обвинител кој по закон тој мора да прави оценување на останатите“, кажа Јолевски.

До крајот на годината, ако не се излагсаат измените на Законот за работни односи кој е со европско знаменце во Собрание и се гласа по скратена постапка, ќе треба во пензија да заминат 13 обвинители.

Би можело да ве интересира

Антикорупциска повторно реагира за назначувањето на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители: Законите важат подеднакво за сите

Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката на републичкиот обвинител за суспендирање на Хајрулахи

Катерина Ѓуровски

Филков: Измените во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се клучни за патот кон ЕУ

Петрушевски: Судскиот совет и Советот на јавни обвинители со упадот во Академијата за судии и јавни обвинители уште еднаш покажаа зошто народот нема доверба во правосудството

ВМРО-ДПМНЕ: Советот на јавни обвинители да престане со кршење на законот и веднаш да ја отповика Душица Димитриеска од УО на Академијата

Горан Наумовски

Лефков: Советот на јавни обвинители ја назначил сопствената претседателка за член на УО на Академијата за судии и обвинители, веднаш да ја отповика