Обвинителен акт за татко и син од Кавадарци кои неовластено одгледувале канабис

Од:

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен акт против две лица, татко и син на возраст од 56 и 33 години, кои како соизвршители одгледувале насади со канабис во планинскиот предел Јаворица, Демир Капија. При претресот едниот од нив поседувал две ловечки пушки и муниција, за што против него е покренато и обвинение за неовластено држење оружје.

Во планински предел кај место викано Јаворица во близина на викенд куќа во сопственост на осомничените, на 28 септември 2020 година овластени службени лица пронајдоа 65 стебла од растението Канабис Сатива со чија обработка се добива наркотичната дрога марихуана.

– Осомничените, татко и син, неовластено заради продажба го произведувале растението, за што обезбедиле и опрема за наводнување и обработка на насадите. При претресот, пронајдено е и оружје кое еден од осомничените неовластено го држел и тоа 8 патрони – 12 мм за ловечка пушка, 38 куршуми калибар 7,9 мм и затворач за пушка М-48 и ловечка пушка марка Црвена Застава Крагуевка со калибар 12мм, информираат од ОЈО.

Заедно со обвинението јавениот обвинител до надлежниот суд достави предлог за продолжување на определената мерка притвор за двајцата осомничени.​​

Лицата се товарат дека го сториле кривичното дело –Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1, а едниот од нив и кривичното дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он