Обвинетите за настаните во „Дива населба“ пред суд

Од:

Во Основниот суд Скопје 1 Скопје денеска треба да се одржи јавна седница за „оценување на обвинителниот акт“ против лицата кои учествуваа во мајскиот инцидент во кумановската Дива населба.

Обвинителот, кој го има преземено случајот треба обвинителниот акт да го претстави пред Советот од судии кои ќе треба да одлучат дали ќе го прифатат обвинителниот акт или ќе бараат да се преработи.

Во обвинението стои дека 29-мината уапсени, двајца кои избегаа и уште десетмина кои загинаа во Дива населба, на почетокот на годината почнале со организација на терористички активности кои кулминираа со крвавата пресметка на 9-ти и 10-ти мај. Целта им била да предизвикаат чувство на несигурност и страв меѓу граѓаните.

Во инцидентот загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесеттина беа тешко повредени.

Би можело да ве интересира

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци