Обвинетите во „Зимско око 2“ ослободени од вина за злоупотреба на службената положба

Од:

Сите 22-ца обвинети во случајот „Змиско око 2“ се ослободени од вина за кривичното дело „злоупотреба на службената положба“, додека за дел од нив кои беа обвинети за „злосторничко здружување“ донесена е одбивателна пресуда заради застареност.

Пресудата ја донесе денеска Основниот кривичен суд Скопје по завршните зборови од јавниот обвинител и завршните зборови на обвинетите и нивните бранители.

– Со првостепената пресуда сите 22 – ца обвинети, од кои за две лица се водеше раздвоена постапка, се ослободуваат од вина за кривичното дело од чл. 353 ст.5 в.в. со ст.3 од КЗ односно Злоупотреба на службената положба додека за кривичното дело од чл. 394 ст.1 од КЗ за дел од обвинетите и 394 ст.2 од КЗ за преостанатите обвинети односно Злосторничко здружување судот донесе одбивателна пресуда заради настаната апсолутна застареност, информира Основниот суд Скопје.

Против пресудата, странките имаат право на жалба пред Апелацискиот суд во Скопје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Четворица ослободени, за останатите условни казни за деценискиот предмет „Змиско око“

Мери Јордановска

Главната расправа за „Змиско око“ е формално завршена, Судот дополнително ќе закаже термин за пресуда

Ана Ололовска

Обвинетите во „Змиско око“ бараат 10-годишната судска голгота да заврши

Ана Ололовска

Дополнително вештачање за случајот „Змиско око“

Ана Ололовска