До Собранието стигнало барањето за автентичното толкување на членот 22 од Законот за специјалното јавно обвинителство, потврдија од законодавниот дом за „Макфакс“. Според Деловникот за работа на Собранието предвидува дека претседателот Талат Џафери, треба да го упати барањето до законодавно-правната комисија и до Владата.
Меѓу 14 членови на законодавно-правната комисија кои ќе расправаат за иднината на истрагите на СЈО, е и обвинетиот за уништување изборен материјал во „Титаник 3“, Ејуп Алими. Претседателка на комисијата е Соња Мираковска, а членови од власта се Фросина Ташевска Ременски, Алија Камберовски, Снежана Калевска Ванчева, Бетиане Китев и Бети Рабаџиева Наумовска. За толкување на рокот на СЈО ќе расправаат и Весел Мемеди, Зоран Илиоски, Нада Ципушева, Фадил Зендели, Иван Стоиљковиќ, Невенка Стаменковска, Павлинче Честојнова. Комисијата има и 14 заменици-членови.
Законодавно-правната комисија може да бара мислење од матичното работно тело на Собранието. По мислењата од Владата и од матичното работно тело, комиисјата оценува дали барањето за давање на автентично толкување е оправдано. Потоа, ако барањето е оправдано изготвува предлог на автентично толкување и го доставува до Собранието, а пратениците расправаат и одлучуваат на иста седница.
Врхвниот суд донесе начелно правно мислење дека СЈО е неовластен тужител за сите истраги и обвиненија подигнати по рокот од 18 месеци определен со Законот.
Васко Маглешов