Обвиненителен предлог против три лица за употреба на фалсификувани потврди за ПЦР тест

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против три лица поради употреба на фалсификувани потврди за ПЦР тестови. Тие се обвинети за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, во различни кривично-правни настани на Меѓународниот аеродром Скопје, обвинетите употребиле лажни исправи – фалсификувани потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот.

Иако знаеле дека не се тестирале во наведените лаборатории, при обид да ја напуштат државата со авионски лет од Скопје, тие ги презентирале потврдите како вистинити, но биле откриени од овластени службени лица.​

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски