Обвинение за жената која го уби сопругот со секира

Од:

Основното јавно обвинителство поднесе обвинителен акт против 50-годишна жена, поради извршено кривично дело – убиство.

Од ОЈО соопштија дека обвинетата на 1 мај 2019 година, во својот дом во Студеничани, со умисла го лишила од живот својот сопруг. По претходна расправија, таа ја зела секирата која била во близина и во дворот на семејната куќа му задала три удари со сечивото на сега починатиот.

– Со поднесување на обвинението, јавниот обвинител до судот достави и предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор бидејќи ценеше дека постои опасност од криење и бегство на обвинетата, соопштија од ОЈО.

Би можело да ве интересира

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес

Тешка сообраќајка кај Кучевиште: еден загинат, еден тешко повреден

Катерина Ѓуровски