Обвинение за татко и неговите два сина, со бензин полеале и запалиле шума и сува трева

Од:

Откако спроведе претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против три лица – татко и неговите два сина, кои се товарат дека заедно сториле кривично дело – Предизвикување општа опасност. За сите тројца е доставен и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

Тројцата соизвршители, на 9 август предизвикале пожар на шумско земјиште во државна сопственост, во месноста викана Дупки, во атарот на селото Патишка Река, општина Сопиште. Со запалива течност – моторно масло и бензин полеале и запалиле нискостеблеста шума и суви треви, предизвикувајќи општа опасност за животот и телото на луѓето и за имот од големи размери.

Осомничените ги забележал и ги пријавил очевидец.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

Ученичка од осмо одделение запали училница, со чекан тепаше деца, хорор сцена во училиште во Русија

Пожар во Еврејска болница во Берлин, неколку лица се повредени, уапсен е пациент

Голем пожар избувна во индустриска зона во Нови Пазар

А1он