Обвинение за нападот врз новинарска екипа во Ѓурѓевиште

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог против 50-годишен жител на селото Ѓурѓевиште, општина Врапчиште, кој се товари дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница од член 133 од Кривичниот законик.

– На 16 февруари, обвинетиот ги забележал двајцата оштетени – новинар и снимател во тетовска телевизија кои снимале прилог за училиштето во селото. Тој најпрвин започнал караница со нив, упатувајќи им пцовки и погрдни зборови, а потоа зел секира со која започнал кон нив да замавнува. Оштетените веднаш се оддалечиле од местото и настанот го пријавиле во полициска станица, соопшти Обвинителството.​​

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски