Обвинение за државјанин на БиХ за противправно лишување од слобода

Од:

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за сторени кривични дела телесна повреда и противправно лишување од слобода.
Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинетиот државјанин на Босна и Херцеговина, при вршење семејно насилство телесно ја повредил и противправно ја држел затворена оштетената со која живеел во вонбрачна заедница во Кралството Шведска.

Обвинетиот и оштетената во мај 2019 година дошле во Република Северна Македонија за да склучат брак. Зеле под закуп стан во Скопје во кој обвинетиот, вечерта на 23 мај во 23:00 часот, ја заклучил оштетената по што го фрлил клучот и го одзел мобилните телефони за жртвата да не може да бара помош. Потоа започнал да ја удира и турка оштетената. Поради дејствијата на обвинетиот кои траеле до 5:30 часот изутрината, оштетената се здобила со видливи повреди по телото.

Заедно со обвинението, јавниот обвинител до скопскиот Кривичен суд достави и предлог за продолжување на мерката притвор, која беше определена од страна на судија на претходна постапка на 25 мај 2019 година.

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски