• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Обвинение за 34-годишна битолчанка поради уцена

by А1он18/03/2020 - 11:47197
Share0

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителен предлог против битолчанка на возраст од 34 години, која се товари за сторено кривичното дело – уцена.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти Обвинителството, во периодот од 15 јануари до 11 март, обвинетата со намера да се стекне со противправна имотна корист, во повеќе наврати му се јавувала на оштетениот со кого претходно била во љубовна врска, барајќи парични средства со уцена дека доколку не и ги даде парите ќе испрати компромитирачки фотографии од него на неговото семејство и ќе ги објави на социјалните мрежи со цел да ги наруши неговите чест и углед, како и честа и угледот на неговото семејство.

-Продолжувајќи со истите закани и уцени, на 10 март 2020 година, обвинетата го контактирала оштетениот преку апликациите Viber и WhatsApp, при што побарала од него следниот ден, на 11 март во 14:00 часот, да и донесе 1.200 евра во хотел во Скопје, а остатокот од побараните 13.000 евра да и бидат исплатени дополнително, се наведува во соопштението.

По преземање на оперативно технички мерки и претходна крим-техничка обработка на паричните средства, обвинетата е лишена од слобода во моментот кога бараните средства ги земала од оштетениот.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје со обвинението доставил и посебен предлог за продолжување на определената мерка куќен притвор за обвинетата, бидејќи постои опасност да се крие или да се даде во бегство.​

krivicna

Би можело да ве интересира

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја

Горан Наумовски18/12/2025 - 20:41

МВР: Кривична за директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“

Горан Наумовски28/02/2025 - 13:22

МВР најави кривична за шверцер на брендирана облека

Горан Наумовски17/02/2025 - 11:11

МВР: Кривична за началник на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје

Горан Наумовски18/12/2024 - 16:38

Кривична за скопјанец – предизвикувајќи пожар го оштетил топловодот и конструкцијата на мостот „Беласица“

Горан Наумовски10/05/2024 - 14:0810/05/2024 - 14:53

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он03/05/2024 - 14:0803/05/2024 - 14:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен