Обвинениe против 25-годишен гостиварец за кривично дело „насилство”

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд достави Обвинителен предлог против 25-годишен гостиварец, за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Гостивар.

Обвинетиот на 31 јануари 2021 година, околу 16:30 часот во Гостивар, како што посочуваат од обвинителство ја загрозил сигурноста на оштетениот вршејќи грубо насилство, предизвикувајќи во јавноста чувство на несигурност, загрозување и страв.

– Имено, обвинетиот му се јавил на оштетениот и го повикал да се сретнат кај игралиште во нас. Малеарди. Откако оштетениот пристигнал, обвинетиот го нападнал со тупаници и клоци по главата и телото. Потоа обвинетиот насилно го внел оштетениот во своето возило и започнал да се движи по патот, постојано удирајќи го оштетениот со тупаници, заканувајќи се дека ќе го однесе во блиската шума каде ќе го тепа со дрво и шипка. Движејќи се со возилото, по пат ги пресретнал таткото на обвинетиот. Но и покрај тоа што татко му се спротивставил на насилството, обвинетиот продолжил да го удира оштетениот. Во тој момент оштетениот, кој од ударите се здобил со телесни повреди, успеал да избега од самото место, информираат од гостиварското обвинителство.

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај