Oбука за службеници во МНР за откривање фалсификувани документи

Од:

Зајакнување на капацитетот на македонската дипломатско-конзуларна служба од аспект на безбедноста е целта на обуката што во организација на Дипломатската академија при МНР се одржа за службеници на ова Министерство.

Обуката за откривање на фалсификувани документи е спроведена во соработка со Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи. Развиена е од страна на МВР во соработка со Европската агенција за обезбедување на надворешните граници на земјите членки на Европската унија (FRONTEX).

Со обуката беа опфатени теми како: основни техники и начини на откривање фалсификувани документи, видови фалсификувани документи, видови заштита како и системи, односно начини на издавање документите, нивоа на заштита и безбедносни карактеристики на документите.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија