Обука за овластените набљудувачи во општина Кичево

Од:

ВМРО-ДПМНЕ организира обука за овластените набљудувачи во општина Кичево. Обуката ќе ја држат предавачи од партиската Комисија за правни прашања.

Посебно внимание ќе биде посветено на набљудувањето на процесот на гласање во 25 избирачки места во досегашните општини Зајас и Осломес, сега припоени кон Кичево, кои имаат подолг историјат на забележани изборни нерегуларности во изборните циклуси во изминатите 20 години.

На обуката на набљудувачите со апел за фер и почитување на принципот еден човек, еден глас ќе имаат и актуелниот градоначалник и кандидат на овие избори Благоја Деспотоски-Ташко, како и пратеникот Антонио Милошоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија