Обука на противпожарни водови во општина Гази Баба

Од:

Општина Гази Баба и Дирекцијата за заштита и спасување организираа еднодневна обука на 30 доброволци, членови на противпожарни водови.

Како што соопшти општина Гази Баба, обуката, која ја спроведуваат стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување, се состои од теоретско – практично – показен дел, по што доброволците ќе добијат сертификат.

– Сите доброволци досега имаат поминато и десетдневна обука во Центарот на Противпожарната бригада на Град Скопје, каде исто така имаат добиено сертификат. Со овие обуки, 30 луѓе од територијата на општина Гази Баба се обучени за логистика и дејствување за време на пожари на отворен простор, стои во соопштението од општината.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица

Изгаснат е пожарот во Трубарево кој со денови ги труеше жителите на Гази Баба и на Аеродром

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”

Обид за убиство во Гази Баба: Испукал 11 куршуми кон познаник и кон неговата сопруга