Обука на 300 кандидати за полицајци на крстосници

Од:

Министерството за внатрешни работи денеска ќе продолжи со практична обука на кандидатите за полицајци кои минатото лето ги исполнија условите на конкурсот за прием на нови 300 полициски службеници.

Обуката ќе трае три работни дена, а ќе се однесува на практична примена на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, соопшти МВР.

Предвидено е кандидатите во присуство на поискусни ментори да учествуваат во регулирањето на сообраќајот на неколку крстосници во Скопје.

Според планот, сообраќајот ќе го регулираат на крстосниците кај Скопски саем, Рампа кај Кисела вода, Црвен крст и Народна банка. Согласно агендата, кандидатите ќе го регулираат сообраќајот денеска во период од 13 до 15:30 часот, утре од 9 до 15 часот и в понеделник од 9 до 15 часот.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ