ОБСЕ/ОДИХР: Вториот круг го следиме со помал број набљудувачи

Од:

Шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори во Македонија Герт Аренс го посети избирачкото место во ОУ „Братство“ во скопската населба Тафталиџе 2, како прво од гласачките места кои ќе ги посети во текот на денот.

– Добивме многу тврдења дека некои работи нема да бидат во ред и затоа проверуваме дали изборите се одвиваат според ОБСЕ/ОДИХР-стандардите. Ова е првото гласачко место што го посетив и овде не најдовме неправилности, рече Аренс.

Тој посочи дека вториот изборен круг ОБСЕ нема ангажирано краткорочни набљудувачи, туку само тимот на долгорочни набљудувачи кои се наоѓаат низ целата земја, како и раководството на тимот што, вели, е значително помалку во однос на бројот со кој организацијата го следеше првиот изборен круг пред две недели.

Запрашан за очекувањата од денешното гласање, шефот на мисијата на ОБСЕ посочи дека утре на прес-конференција ќе ги соопшти своите импресии.

– Не сакам да предвидувам, но мора внимателно да ја проследиме ситуацијата со оглед на големиот број наводи од учесниците дадени пред самите избори за што ќе треба да оформиме мислење, рече Аренс.

Тимот на долгорочни набљудувачи на ОБСЕ брои 18 лица, а првиот круг од локалните избори ОБСЕ/ОДИХР го следеа со 220 набљудувачи.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември