ОБСЕ/ОДИХР најави нови препораки за Избирачкиот список

Од:

Интензивирање на активностите на Работната група за проверка на Избирачки список, беше договорено на денешниот состанок на групата на кој експертите на ОБСЕ/ОДИХР за анализа и проценка на меѓуинституционална соработка и постоечките процедури при водење на Избирачкиот список најавија извештај со препораки за надминување на неговите недостатоци.

Двајца експерти на ОБСЕ/ОДИХР се во неколкудневна посета на Македонија и се среќаваат со претставници на политичките партии и институциите надлежни за Избирачкиот список. Зоран Доковиќ најави дека, меѓу другото, нивниот извештај ќе содржи препораки за надминување на недостатоците, но и најдобрите практики од земјите членки на Организацијата.

Претставникот на СДСМ Дамјан Манчевски рече дека СДСМ се залага за теренска проверка на Избирачкиот список имајќи предвид дека попис на населението не е направен и оти се утврдени неправилности при издавање на личните документи.

– Ние сме во теснец со времето бидејќи во март ќе се спроведуваат претседателските избори, изјави Манчевски, кој исто така предложи МВР на секое три месеци до Работната група да доставува до нив извештај за новоиздадени лични документи и издвојување на граѓаните кои не живеат во Македонија и се обележани со ѕвезда во Избирачкиот список во посебен список. Овие предлози тој исто така им ги соопштил и на претставниците на ОБСЕ/ОДИХР.

Претседавачот на Работната група Бедредин Ибраими рече дека предлозите на Манчевски се добри и умесни, но оти законски не се засновани. Во однос на гласачите кои живеат во други земји, вели дека Државната изборна комисија не може ништо да направи бидејќи тие од формално-правен аспект ги поседуваат документите за гласање.

Би можело да ве интересира

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата