ОБСЕ/ОДИХР: Изборите конкурентни и ефикасно спроведени, забелешки за медиумите

Од:

Вториот круг од Локалните избори во Република Македонија е ефикасно спроведен и изразено конкурентен, но останува недостигот од рамноправен терен за натпревар, е првичната оценка на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР по вчера одржаниот втор круг на изборите.

Шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ Герт Аренс на денешната прес-конференција истакна дека пристрасното и партиско медиумско покривање и мешањето на владините и партиските активности довеле повторно до нерамноправен терен за натпревар меѓу кандидатите.

– Денот на избори беше мирен, процедурите беа во голем дел почитувани иако повторно беа забележани случаи на групно гласање, рече Аренс.

Тој укажа и на потреба од натамошни реформи на изборното законодавство.

– Во правната изборна рамка недостигаат детали за клучни прашања околу вториот  круг на локалните избори што остава простор за продолжување со реформите. ДИК продолжи да работи транспарентно и ги испочитува изборните рокови, но се наруши колегијалноста за време на разгледувањето на приговори поради одлуките донесени првенствено врз основа на партиска припадност, рече шефот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.

Тој посочи дека по првиот круг на гласање се јавила зголемена загриженост за точноста на избирачкиот список, бидејќи ДИК не дозволи некои граѓани да гласаат во вториот круг поради прашања кои се однесуваат на нивното живеалиште кое е надвор од Македонија, а биле запишани во Избирачкиот список.

Според Аренс, приватните и јавни електронски медиуми кои беа набљудувани од страна на ОБСЕ/ОДИХР продлжија да бидат пристрасни  во полза на владејачките партии. Тој се осврна и на јавниот радиодифузен сервис.

– Јавнио радиодифузер одлучи да не обезбеди бесплатно претставување на кандидатите ниту пак да организира дебати со што го ограничи спектарот на информации врз основа на кој гласачите можеа да направат информиран избор. Електронските медиуми во голема мера не успеаја да ги одделат владините од партиските активности при известувањето во вестите, посочи шефот на мисијата Герт Аренс.

Конечниот извештај вклучувајќи ги и препораките за евентуални подобрувања, набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР ќе го презентира за осум недели по завршувањето на изборниот процес.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“