ОБСЕ/ОДИХР го почнува мониторингот на локалните избори

Од:

Канцаларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ, денеска и формално ја почнува набљудувачката мисија на локални избори во Македонија, што треба да се одржат на 24. март.

Шефот на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР Герт Аренс на прес-конференција ќе ги претстави улогата и активностите на мисијата.

Аренс според најавите ќе предводи 300 краткорочни и 20 долгорочни набљудувачи.

Тој веќе има искуство во Македонија – беше специјален пратеник на претседателството на ОБСЕ во 1999 година. Во својата кариера има учествувано во мониторинг и на изборите во Украина, Белорусија, Азербејџан, Грузија, Србија, Ерменија, Исланд и Норвешка.

Набљудувачката мисија за локалните избори во Македонија ќе функционира независно од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар