А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ОБСЕ загрижен за медиумската слобода во Македонија

by А1он22/07/2013 - 17:4623/07/2013 - 11:44120
Share0

По прегледот на најновите предлог закон за медиуми и за аудиовизуелни медиумски услуги, ОБСЕ укажува дека има сеуште проблематични одредби, нејасни формулации кои можат да се злоупотребуваат во пракса. Претставничката за слободата на медиумите Дуња Мијатовиќ ги поздрави напорите од страна на властите во Скопје да се усогласи законот со меѓународните стандарди, но изрази загриженост и со писмо до министерот Иво Ивановски бара да се доработат законите

Добивај вести на вибер

„Со оглед на моменталната состојба на слободата на медиумите во земјата, јас сум загриженa дека овој закон може да се користи за замолчување на критичките ставови и за ограничување на слободата на говорот. Додека голем број на прописи се прифатливи, јас сум загрижен дека употребените формулации би можело да доведат до злоупотреба“, рече Мијатовиќ.

Во писмото испратено до  министерот за информатичко општество и администрација, Мијатовиќ ги истакнува клучните прашања кои треба да се решат:

– Моќна улога на Агенцијата за медиуми  и нејзиниот состав не гарантираат независност на медиумите и новата супервизорската функција (член 29) се заканува и може да овозможи потенцијално интервенирање во содржините на печатените и онлајн медиумите.

• Постоечките казни во законот се значително високи, нема поединечни степени на казнување, и во крајна линија предизвикуваат загриженост дека непропорционалните санкции може да доведат до самоцензура.

• Деловите за а прашањата за националната безбедност,за поттикнување нетолеранција или омраза се премногу нејасни и би можеле да бидат злоупотребени.

• Нема потреба да се дефинира кој е новинар во законот. Дефиницијата е излишна, а исто така може да се користи да се исклучат некои медиумски работници и луѓето кои се ангажирани во новинарството.

• Инсистирањето на тоа дека “мнозинското новинарско здружение ” ќе земе учество во Агенцијата за медиуми и во Управниот одбор на јавниот сервис го носи ризикот од тензии меѓу здруженијата, пособено во услови кога се тврди дека има притисок врз новинарите да се приклучат на одредена асоцијација. Ова треба да се избегне.

„Ја поздравувам соработка на власта со мојата канцеларија за овој важен закон и со нетрпение очекувам нов нацрт, кој ќе ја заштити слободата на медиумите и слободата на изразување во земјата“, заклучува Мијатовиќ.

mediumi

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Горан Наумовски01/06/2025 - 19:08

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

Горан Наумовски03/05/2025 - 11:16

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Горан Наумовски03/05/2025 - 09:48

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Катерина Ѓуровски20/03/2025 - 14:28

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on15/03/2025 - 22:2515/03/2025 - 22:25

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ11/03/2025 - 17:0711/03/2025 - 17:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен