ОБСЕ ќе има 300 набљудувачи на изборите

Од:

Со 300 краткорочни и 20 долгорочни набљудувачи, ОДИХР ќе ги мониторира претстојните локални избори во Македонија, јави телевизијата „Алфа“.

Овие активности на ОБСЕ ќе започнат в петок во земјава.

Бројката на монитори ќе биде иста како и за претходните два изборни циклуси, претседателките и локалните, во 2009 и вонредните парламентарни во 2011 година.

Портпаролот на ОДИХР, Томас Рајмер, за телевизијата изјави дека на бројката на набљудувачи не влијае бојкот на која било политичка партија и оти таа се одредува на неколку начини – според големината на земјата, бројот на местата на кои се смета дека се потребни набљудувачи за изборите да бидат соодветно покриени и да може да се изготви прецизна проценка на тоа што се случува.

Се наведува дека политичката состојба е тензична, оти се очекува кампањата повеќе да биде фокусирана на националните отколку на локалните прашања, а тесни изборни борба се очекуваат во Кичево, Скопје, Тетово.

Сепак според оценката на ОДИХР, иако по избороте во 2011 година се имплементирани дел од препораките на ОБСЕ, има уште голем број на прашања на кои треба да се внимава на претстојните избори, како што е процедурата на составување на избирачкиот список, изборната кампања и можната злоупотреба на административните капацитети, медиумското покривање на изборите, процедурите за финансирањето на кампањите, но и на механизмот за поднесување приговори.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно