ОБСЕ ја почна мониторинг мисијата во Македонија

Од:

Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ денеска ја отвори набљудувачката мисија за локалните избори закажани на 24 март.

Амбасадорот Герт Хајнри Аренс, кој ја води мисијата, изјави дека претставниците на ОБСЕ ОДИХР се свесни за состојбата во земјата поради различните настани што се случија и бојкотот на опозицијата, која, како што рече, го оправдува неучеството на изборите со тоа дека нема услови за нивно спроведување.

Нашата работа започна вчера и нашата загриженост е внесена во извештајот. Ние дојдовме овде без заклучоци. Ќе се концентрираме на фактите, изјави тој, наведувајќи дека тие повеќе ќе се осврнат на последиците од бојкотот врз изборниот процес и оти ќе мора да се почека за нивен коментар за настаните до преодниот извештај особено што овие настани се се уште актуелни.

Според амбасадорот, мисијата ќе ги оценува локалните избори во однос на усогласеноста со обврските на ОБСЕ и други меѓународни стандарди за демократски избори, како и со домашните закони.

Во Скопје ОБСЕ ОДИХР ќе има 11 експерти додека низ целата земја ќе бидат распоредени 16 долгорочни набљудувачи. Тие ќе го моноторираат спроведувањето на Изборниот законик, законите поврзани со изборите, регистрирањето на кандидатите  изборната кампања, работата на изборната администрација и релевантните владини тела, медиумската средина и разрешувањето на изборните спорови.

На денот на изборите мисијата ќе ги објави прелеминарните наоди и заклучоци, а конечниот извештај за набљудувањето на севкупниот изборен процес ќе биде објавен за околу осум недели по завршувањето на изборите.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Зеленски: Украина ќе ја загуби војската доколку ја прекине воената состојба поради избори

Горан Наумовски