А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) ОБСЕ: Изборите мирни без инциденти, повторно закани кон јавните службеници и пристрасни медуми

by А1он12/12/2016 - 16:0312/12/2016 - 19:16161
Share0

Меѓународната набљудувачка мисија за избори на ОБСЕ заклучи дека овие избори за разлика од претходните поминаа мирно и без инциденти, но останаа забелешките за заплашување гласачи, притисок врз јавните службеници, купување гласови и злоупотреба на административни ресурси.

Добивај вести на вибер

Подготовките на Дик за изборите беа попречени од неефикасната внатрешна организација, политизирано носење одлуки и скратените законски рокови. Активностите на ДИК не беа секогаш транспарентни, бидејќи често одржуваше седници зад затворени врати и не секогаш ги објавуваше своите одлуки, изјавија членовите на ОБСЕ на денешната прес конференција.

Од ОБСЕ велат дека иако процесот на реформи ја доби поддршката од четирите најголеми политички партии, одлуките се носеле под притисок на недостиг на време и во отсуство на консултации со релевантните засегнати страни во изборите.

Според извештајот на ОБСЕ партиите во изборната кампања го надминале буџетот за финансирање. Ова особено важи за владејачката партија.

-Извештаите поднесени ид страна на учесниците во изборниот процес на 1 и 10 декември покажуваат значителни надминувања на буџетот, особено од страна на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението.

Набљудувањето на медиумите од страна на НМИ и ОБСЕ/ОДИХР покажува дека јавните медиуми во најголем дел им обезбедиле на учесниците во изборниот процес рамномерно покривање на вестите, но било забележано и дека некои приватни медиуми покажале пристраснот кон владејачката партија.

obse izbori

Би можело да ве интересира

Самхарадзе: Ќе се трудиме да забележиме дали гласањето се одвива согласно стандардите на ОБСЕ

Катерина Ѓуровски08/05/2024 - 12:11

За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи

Катерина Ѓуровски04/05/2024 - 08:44

Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски наљудувачи

Катерина Ѓуровски23/04/2024 - 08:08

Речеси 1000 набљудувачи, странски новинари и преведувачи акредитирани за следење на Претседателските избори

Катерина Ѓуровски20/04/2024 - 09:59

ОБСЕ-ОДИХР ќе испрати двесте и педесет краткорочни набљудувачи на денот на изборите

А1он03/03/2020 - 15:5903/03/2020 - 15:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен