Обновени локалните патишта Долна Баница-Октиси и кон Велестово

Од:

Јавното претпријатие за државни патишта ја заврши обновата на два локални патни правци од село Долна Белица до село Октиси во општина Струга и првиот дел од локалниот пат за село Велестово, Охридско.

Во струшкиот регион, на патот с.Долна Белица – с.Октиси извршена е комплетна рехабилитација на патот во должина од 2,6 километри, инвестиција во вредност од 23,7 милиони денари. Со рехабилитација на патот создадени се услови за безбедно одвивање на сообраќајот, намалување на времето на патување и побрза сообраќајна комуникација меѓу двете населени места, соопшти денеска ЈП за државни патишта.

За обновата на првиот дел од локалниот пат за село Велестово, во должина од 870 метри, инвестицијата изнесува 6,55 милиони денари.

Средствата се обезбедени со поддршка од Светска Банка наменета за подобрување на локалните патишта во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on