Обновена уништената урбана опрема во Соколанскиот парк во Куманово

Од:

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ ги поправи клупите во Соколанскиот парк кои неодамна беа уништени од несовесни граѓани.

-Беа реконструрани околу 50 клупи, од кои 30-ина беа целосно уништени. Апелираме до граѓаните совесно да се однесуваат кон урбаната опрема, изјави директорот на претпријатието, Данеил Стојчевски.

Клупите, кантите за отпадоци и другата комунална опрема која општина Куманово ја постави изминатиот период, постојано беше мета на вандалско однесување на несовесни кумановци. Покрај клупите, претходниот месец беа уништени и кантите за смет во централното градско подрачје. Освен во Соколанскиот парк, клупите за седење беа уништени и во новиот парк кај комплексот базени, а ѕидовите беа исшарани со графити.

Општина Куманово поднесе пријави од СВР Куманово за уништувањето на урбаната опрема. Граѓаните кои го осудија вандалското однесување бараат и воведување на чуварски служби, но и повисоки казни за прекршителите. За подигање на јавната свест за зачувување на опремата поставени се и информативни табли на неколку локации во градот.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски