Обновена фасадата на Шарената џамија во Тетово

Од:

Во Тетово денеска беше претставена новата фасада на Шарената џамија, обновена со грант на Соединаетите Американски Држави од 94.700  долари, во периодот септември 2011-април 2012.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека станува збор за најобемни конзерваторско-реставраторски работи на Шарената џамија со употреба на најсовремени техники и материјали за конзервација и примена на недеструктивни методи.

– Шарената џамија е еден од најрепрезентативните споменици од арихитектурата и сликарството од османскиот период во Македонија. Овој импозантен објект потекнува од 15 век и неговата монументалност најмногу се препознава во внатрешната и надворешната декорација, што е израз на врвните дострели на мајсторите од Дебар, рече Канческа-Милевска.

 Министерството за култура во својата Годишна програма за 2012 година издвои 500.000 денари за конзервација и реставрација на фасадното сликарство. Интеревнирано е со конзерваторско-реставраторски зафати на ѕидното сликарство во внатрешноста, дренажа и заштита од атмосферски води, изработен е и проект за заштита на челната фасада, како и интервенции во влезниот дел и оградниот ѕид.

Американскиот амбасадор Пол Волерс е задоволен од успешно завршување на проектот, кој беше  дел од 11 што Амбасадата на САД во Скопје ги има поддржано во рамки на Амбасадорскиот фонд за културна заштита.

– Со ова е зачувана фасадата на овој исклучителен културно-историски објект во нејзината оригинална убавина. Така што сега и луѓето од Македонија, како и посетителите од страна, без разлика на нивното религиско или етничкото потекло, може да ги почувствуваат врвната уметност и богатото културно наследство што инспирирало во создавањето на оваа прекрасна џамија. Врз основа на извонредната соработка што ја имаме со Министерството за култура и народот на Македонија,  Американската амбасада во Скопје има поддржано најмногу проекти за обнова на споменици од културата од каде било  во Европа, изјави Волерс.

На настанот присуствуваа и поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи, директорот на Националниот конзерваторски центар Мемет Селмни и градоначалникот на Тетово Сади Беџети.

Би можело да ве интересира

Тетовец остана и без пари и без возило

(ВИДЕО) Сестрата на Теодора: Само две години за тој што ја уби, колку вреди животот во Македонија

Две години затвор за Менсур Пајазити кој ја прегази 22-годишната Теодора

Катерина Ѓуровски

Шаќири: Струјата од трафостаница до модуларната болница во Тетово е направенa од две неквалификувани лица од тетовската болница

Горан Наумовски

„Ќе и кажам на твојата сопруга дека детево е твое“ – тетовка го уценувала вонбрачниот партнер

Тетовските социјални работници побараа поголема заштита од надлежните служби