Обновен патот во општина Конче

Од:

Заврши обновата на патот во должина од 6,5 километри, кој ги поврзува селата Долно Липовиќ, Горно Липовиќ и Ракитец во општина Конче, оштетен од минатогодишните поплави.

Како што се наведува во соопштението на Програмата на ЕУ за санација на штетите од поплавите во 2015 година, обновата на патот чини околу 188.000 евра, средства обезбедени од ЕУ.

Градоначалникот Благој Јованов, рече дека секојдневното поминување по патот, особено во месеците кои изобилуваат со дождови, претставува голем проблем и голема опасност за жителите.

– Задоволни сме што градежните работи завршија во предвидениот рок кој за наша среќа се совпаѓа со периодот пред почеток на есенските поројни дождови. Конкретно, овој пат претходно не беше реконструиран речиси 50 години. Досега немаше никаква интервенција за негово проширување или посериозна санација, рече Јованов.

Проектот за реконструкција на патиштата во Конче е еден од осумте проекти финансирани со средства од ЕУ во рамки на Програма на ЕУ за санација на штетите од поплавите во 2015 година. Сите проекти ги спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Секретаријатот за европски прашања, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и локалните самоуправи на засегнатите општини.

Би можело да ве интересира

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска