Обнова на улицата „Радњанска” во Демир Капија

Од:

Се реконструира улицата „Радњанска” во Демир Капија. Од општината денеска информираа со реконструкцијата е опфатено отстранување на оштетениот асфалт, изградба на атмосферска канализација, тампонирање, вградување на ивичници и асфалтирање со ширина од 5,5 метри и должина од 924 метри.

– Градежните работи ги изведува фирмата „Жикол” од Струмица, а средствата се обезбедени од буџетот на општина Демир Капија. Паралелно со реконструкцијата, ЈКП „Бошава” од Демир Капија врши приклучоци на новата водоводна мрежа, со цел поквалитетно снабдување на населението со вода за пиење, соопштија од Службата за информирање.

Оттаму нагласија дека покрај овие зафати, извршено е и пробивање на крак на улица „Радњанска” во должина од 80 метри и ширина 5,5 метри. Со изградбата на овој крак, ќе се изврши поврзување со улица “Првомајска” и ќе се обезбеди побрз пристап до центарот на градот.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван вчеравечер во Демир Капија

Починат српски државјанин пронајден во Демиркаписко, телото на обдукција

Притворен маж од Демир Капија, сопругата го пријавила за физички напад

Изгасени пожарите кај Неготино и Демир Капија – гасеа и авион на ДЗС и хеликоптер на МВР

А1он

Маж загина на кров од вагон кај Демир Капија

Од утре изменет сообраќаен режим на делницата Демир Капија – Неготино поради градежни активности