Облак од чад од Белград до Закинтос

Од:

На ексклузивни сателитски снимки до кои Охрид 1 дојде со посредство на 2 S Studio покажуваат дека пожарите кои беснеат на Балканот формирале облак од чад кој се протега од Белград на север, до грчкиот остров Закинтос кој е лоциран во Јонското Море на југот од Грција.

Целосно со облакот од чад е прекриена и Црна Гора, а делови од овој огромен облак ја прекрија и Босна и Херцеговина, Грција и Македонија.

Најмногу пожари беснеат во Албанија, чие небо на сателитските снимки речиси целосно е прекриено со облаци од чад, а пожари беснеат и во Србија, каде со денови гори шума на планината Тара. Пожари има и во Македонија и Грција.

Облакот од чад го затемни  и небото над Охридското Езеро, објави Охрид 1. Граѓаните велат дека воздухот мириса на чад, а од чад не може јасно да се видат планините , па така на приемр од Стурга не се гледа јасно планината Галичица, а од Охрид планината Јабланица .

Би можело да ве интересира

Повеќе од 20 пожари на отворен простор, кај Готен се дејствува со „пинц гауери“ и ер трактори

Активни се пет пожари во Македонија, шест се под контрола

А1он

Пожарот на планината Готен од страна на Берово е ставен под контрола

Се гаси пожарот на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце

ЦУК: Активни се седум пожари, три се под контрола

Активни се пет пожари, четири се под контрола