Облачно, студено и ветровито со повремени локални врнежи од дожд и снег

Од:

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени локални врнежи од дожд и снег.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 6 степени, соопшти УХМР.

Во Скопје облачно и студено со слаб дожд, а во повисоките делови од котлината со слаб снег.

Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 4 степени.

До петок ќе се задржи значително облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег, долж Повардарието со повремен дожд.

Врнежите ќе бидат пообилни во северозападните, северните делови и на крајниот исток.

Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 километри на час).

Од сабота следува период на стабилно, суво и студено време.

Би можело да ве интересира

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка

Количината на снег во Москва достигна рекорд во последните 72 години

А1он

Денеска студено утро со минусни температури, попладне до 14 степени

Забрана за сообраќај на камиони на патот Гостивар – Стража – Кичево поради обилни снежни врнежи

Горан Наумовски

Сообраќајот на патот Кичево-Гостивар е нормализиран

Катерина Ѓуровски