Облачно со температури до 19 степени, од вечер дожд

Од:

Утрово по одделни котлини има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 16 до 19 степени.

Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до три, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Како што информира УХМР, следува период на нестабилно време со појава на магла во утринските часови. Од утре ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни, кои ќе достигнат над 30 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието од југоисточен правец, кој ќе достигне над 60 километри на час.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со темепратури до 19 степени

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд

Облачно со локален дожд

Облачно без дожд, температури до 15 степени

Дожд денеска и утре, од среда стабилно и суво