Облачно со повремени врнежи од дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта кога и понатаму ќе биде ветровито. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на циклонска активност и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Особено во ноќта кон сабота и потоа преку денот врнежите ќе бидат пообилни над 30 литри на квадратен метар, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер кој ќе дува повремено и со брзина од над 70 километри на час. На почетокот на следната недела ќе биде стабилно со сончеви периоди во денот.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно, температурата до 11 степени

Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег

Најстудено на Попова Шапка, на места утринските температури под нула

До крајот на оваа недела облачно со повремени дожд и снег

Повремен дожд и разведрување попладне

Од ноќеска дожд, на планините снег