Сончево време со умерена облачност

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 километри на час, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.

УХМР најави дека од утре до четврток, ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а в четврток ќе има услови за изолирана појава на грмежи. Ќе дува југоисточен ветер кој во вторник ќе биде засилен, долж Повардарието со брзина над 60 километри на час.

В петок и в сабота ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со темепратури до 19 степени

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд

Облачно со локален дожд

Облачно без дожд, температури до 15 степени

Дожд денеска и утре, од среда стабилно и суво