Облачно со повремени врнежи од дожд

Од:

Времето денеска во земјава ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, особено во јужните делови каде што ќе имаат поројни.

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Минималните температури ќе се движат во интервал од три до девет, а максималните од 10 до 16 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со повремен слаб дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до седум, а максималните ќе достигнат до 15 степени.

До среда времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со умерен ветер од јужен правец.

Во среда кон крајот на денот и во четврток се очекуваат нови врнежи од дожд.

Би можело да ве интересира

Денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со над 25 литри на метар квадратен

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h

Денеска облачно со повремен локален дожд

Променливо облачно, со локален дожд