Облачно со повремени врнежи од дожд

Од:

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 л/м2).

Минималната температура ќе се движи од 4 до 11 степени, а максимална од 10 до 15 степени.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец

Во Скопје претпладне ќе биде облачно, а во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Од понеделник се очекува заладување што ќе услови врнежите да преминуваат во снег, а во попладневните и вечерните часови се очекуваат слаби врнежи од снег и во некои пониски места, особено во северните делови.

Би можело да ве интересира

Денеска претежно облачно со слаб локален дожд

Сообраќајот на патот Кичево-Гостивар е нормализиран

Катерина Ѓуровски

Денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

УХМР најавува обилни локални врнежи и снег на повисоките места

Горан Наумовски

Променливо облачно и топло, можен слаб дожд