Облачно со повремен дожд денеска, во викендот сончево

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На некои од повисоките планини врнежите ќе преминат во слаб снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 1 до 10 степени, а дневната од 11 до 19 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе достигне до 6 степени, а дневната до 16 степени.

Во деновите од викендот и во почетокот на новата седмица ќе преовладува сончево и стабилно време со променлива облачност во текот на денот, наведуваат од УХМР.

Би можело да ве интересира

Облачно со локален дожд

Облачно без дожд, температури до 15 степени

Дожд денеска и утре, од среда стабилно и суво

Облачно со повремени локални врнежи од дожд

А1он

Променливо облачно со повремен дожд, температурите до 19 степени

Облачно со температури до 19 степени