Облачно со магла по котлините

Од:

Времето денеска ќе биде претежно облачно со појава на магла по котлините. Попладне и во вечерните часови ќе има врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд, а на повисоките места и планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе се задржи променливо облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на планините и на некои повисоки места од снег. По котлините ќе има услови за појава на магла.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Денеска облачно со повремен локален дожд

Денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност