Облачно со локален пороен дожд и грмежи

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Наместа во западните и источните делови ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 литри на метар квадратен), грмежи и силен ветер (над 70 километри на час).

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд.

Во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во следните денови ќе се задржи променливото облачно време со повремен локален дожд.

Во сабота ќе дува засилен ветер од западен-југозападен правец, а од недела температурите ќе бидат во позначително опаѓање.

Би можело да ве интересира

Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар

За викендот дожд, ветер и заладување

Денеска сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи

УХМР: Утре попладне засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град

Утре нестабилно со пороeн дожд, од четврток следува топлотен бран со температури над 40 степени

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни

Горан Наумовски