Облачно, магла и повремен дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност.

Попладне и кон крајот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла, а преку денот со повремен дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Утре и за време на викендот врнежите наместа ќе имаат повремено пороен карактер.

Во недела и ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места претежно во северните и североисточните делови врнежите ќе бидат повремено од снег.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h

Денеска облачно со повремен локален дожд