Облачно и ветровито, попладне дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои во вечерните часови локално ќе бидат пообилни, над 20 литри на метар квадратен.

Како што соопшти УХМР, поради спуштање на значително постудена воздушна маса во ноќните часови ќе почне да дува засилен северен ветер и врнежите на планините и на некои повисоки места ќе преминат во снег, но ќе слабеат по интензитет.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Попладне и во вечерните часови ќе има врнежи од дожд. Во ноќните часови ќе почне да дува засилен северен ветер и врнежите на околните планини ќе преминат во снег, но со слаб интензитет. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 14 степени.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен ветер, над 80 километри на час од северен правец. На повисоките места и на планините ќе има слаби локални врнежи од снег, особено в сабота.

Би можело да ве интересира

Од утре до средината на следната седмица на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи

ВИДЕО: Интензивен пороен дожд и грмежи во Тетово и Скопје

Предраг Петровиќ

УХМР: Попладне повторно врнежи, претпазливост на места каде се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд

УХМР: Утре повремен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

УХМР: Нестабилно време со пороен дожд и грмежи во четврток и петок