Облачно и посвежо со дожд утре, во следните денови стабилно време

Од:

Времето утре ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови (над 20 л/м2) и проследени со засилен јужен ветер. Во попладневните часови врнежите постепено ќе престануваат, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи

Утринските температури ќе се движат од 2 до 9 степени, а дневните од 9 до 16 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 6 степени, а дневната до 12 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла и со умерен, наместа засилен ветер претежно од јужен правец. Утринските температури ќе бидат позитивни, а дневните во значителен пораст, информираат од УХМР.

Би можело да ве интересира

Облачно со повремени локални врнежи од дожд

А1он

Променливо облачно со повремен дожд, температурите до 19 степени

Облачно со температури до 19 степени

Облачно и ветровито со температури до 17 степени

Катерина Ѓуровски

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен