Објекти вредини еден денар, непотполнети работни места, јавни набавки без тендер во Министерството за дигитална трансформација

Од:

Вонредниот и редовниот попис на средствата не е извршен на начин пропишан со законските и подзаконските акти, а материјалната и сметководствената евиденција на основните средства не е усогласена со фактичката состојба и не е спроведен делбен биланс со Министерството за јавна администрација, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во ревизијата на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за сметка на основен буџет (637) за 2024 година, на Министерство за дигитална трансформација.

Со извршената ревизија за 2024 година не изразуваме мислење во однос на реалноста и објективноста на финансиските извештаи, а за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставените политики изразуваме мислењесо резерва. Извршена е ревизија и издаден е извештај за финансиските извештаи и за усогласеност со закони и прописи на Министерството за информатичко општество и администрација за 2018 година, во кој е изразено мислење со резерва во однос на реалноста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставените политики, информираат од ДЗР.

– Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за сметка на основен буџет (637) за 2024 година на Министерство за дигитална трансформација ги утврдивме следниве состојби: вонредниот и редовниот попис на средствата не е извршен на начин пропишан со законските и подзаконските акти; материјалната и сметководствената евиденција на основните средства не е усогласена со фактичката состојба и не е спроведен делбен биланс со Министерството за јавна администрација; за дел од недвижниот имот не е извршена процена на вредноста, а за дел не е извршено запишувањето на правото на сопственост на недвижностите во катастарот на недвижности; обврските спрема добавувачи не се евидентираат во периодот на нивното настанување; имотот со кој располага Министерството не е осигуран; одделението за внатрешна ревизија не е кадровски екипирано и не се извршени ревизии во 2024 година; во дел од досиејата од спроведените јавни набавки не се содржани докази за обезбедени гаранции; и набавени се стоки и услуги за кои не е спроведена јавна набавка, се вели во заклучокот од ревизијата на ДЗР.

Во насока на надминување на утврдените состојби, се додава, дадени се препораки до одговорното лице со цел преземање на мерки и активности со цел подобрување на состојбите.

– Во делот на Нагласување на прашања истакнуваме состојби кои се однесуваат на: структурата на направените расходи на Министерството од средствата обезбедени од Буџетот на државата, кадровската екипираност на Министерството, судска постапка која е во тек и – континуитетот во спроведувањето на проекти од областа на ИКТ со кои се обезбедува развој на безбедна, достапна и одржлива дигитална инфраструктура, забрзана циркулација на информациите меѓу органите на управата и креирање и водење на централна база на податоци, се со цел да се зголеми административната ефикасност и да се намали бирократијата за граѓаните и бизнисите, с енаведува во извештајот.

Се посочува дека од страна на министерот за дигитална трансформација е добиена забелешка на Нацрт извештајот на овластениот ревизор.

-Истата е разгледана и делумно се прифаќа поради дополнително доставени докази. Забелешката и одговорот на истата се составен дел на овој извештај, потенцираат од ДЗР.

Министерството за дигитална трансформација (МДТ) ги разгледува со должно внимание сите наоди и препораки на Државниот завод за ревизија (ДЗР), кои ги сметаме за важен инструмент за подобрување на институционалното работење, финансиската дисциплина и транспарентноста, се вели во реакцијата од Министерството на денеска објавениот извештај на ДЗР за ревизијата на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за сметка на основен буџет (637) за 2024 година на МДТ.

-Најголем дел од констатираните проблеми се наследени состојби од поранешното Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА), кои се акумулирале со години, а дел од нив повеќе од една деценија. Новото Министерство за дигитална трансформација, формирано во 2024 година, наследи нецелосни евиденции, нерешени имотно-правни прашања, судски постапки и административни пропусти кои претходно не биле соодветно адресирани. Особено е важно да се нагласи дека целосен и суштински попис на имотот не бил спроведуван во изминатите десет години, што довело до сериозни неусогласености меѓу фактичката состојба, сметководствената евиденција и расположливата документација. Наведените објекти со книговодствена вредност од еден денар се токму пример за ваквата наследена и неуредна евиденција, а не показател за нивната реална пазарна вредност, се вели во рекацијата .

Се наведува дека Министерството веќе презема активности за расчистување на имотната состојба, усогласување на евиденциите, обезбедување на потребната документација и воспоставување ред во управувањето со државниот имот.

-Дел од забелешките се веќе надминати, додека за останатите се спроведуваат конкретни корективни мерки. Дополнително, Министерството наследи и повеќе судски постапки кои произлегуваат од одлуки и обврски создадени во претходните години. Овие предмети се разгледуваат поединечно, во соработка со надлежните институции, со цел нивно законито разрешување и минимизирање на финансиските последици врз државниот буџет. Станува збор за правни и финансиски обврски кои не исчезнуваат со промената на раководството, туку мора одговорно да се решаваат, се посочува во реакцијата.

Во однос на наодите за јавните набавки, финансиската евиденција и внатрешните контроли, како што се посочува, Министерството веќе даде одговор на ДЗР дека станува збор за исплата на набавки на други институции, каде што министерството е корисник (чистење и обезбедување на објекти, службени патувања и телефонија).

-Свесни сме и за предизвиците со недостигот од кадар, кои дополнително се усложнуваат заради разликата во висината на платите во државниот и приватниот ИТ сектор. Зајакнувањето на административните и стручните капацитети останува еден од приоритетите на Министерството. Нашиот пристап не е проблемите да ги прикриваме или да ги оставаме на некое следно раководство. Напротив, решени сме да го расчистиме институционалното наследство, без оглед колку долго овие прашања биле занемарувани, се потенцира во реакцијата.

Се додава дека Министерството за дигитална трансформација останува целосно отворено за соработка со Државниот завод за ревизија и за спроведување на неговите препораки.

-Наша обврска е паралелно со развојот на новите дигитални услуги и модернизацијата на државата да изградиме и институција со уредна евиденција, законито работење и одговорно управување со јавните средства, с енаведува во соопштението од МДТ.

Би можело да ве интересира

Владините веб-страници заштитени од критичните PHP-ранливости, не се утврдени знаци на компромитирање

Катерина Ѓуровски

Фондот за пензиско нема доволна заштита на податоците, ниту доволно вработени во ИТ секторот, алармира ДЗР

Работење без лиценца, спорни милионски влогови во фирмите за онлајн коцкање на Државна лотарија

Катерина Ѓуровски

„Мој Термин“ без одржување речиси 38 отсто од времето, со сериозни ризици за безбедноста

Жените се побројни во јавниот секотр, но на раковдни функции се драстично помалку

Катерина Ѓуровски

Во Пазарен инспекторат има само половина од предвидените инспектори