Објавувале лажни закани за терористички напад на трговски центар во Скопје, тројца приведени

Од:

По објава на два видео клипа на „Тик ток“ со, како што е подоцна утврдено, лажни закани за можен терористички напад во еден трговски центар во Скопје на 28.11.2021 во 19 часот, веднаш се преземени соодветни мерки од страна на МВР-БЈБ-Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал/Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, СВР Скопје и Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика и Агенцијата за национална безбедност.

Преземени се потребните безбедносни мерки, а утврдени се и лицата- можни креатори на лажните видеа. Известен е јавен обвинител, по чии насоки се обезбедени наредби за претрес на дом кај Н.С. во с.Студеничани и У.И. во Скопје. При претресот на втората локација најдени се дигитални уреди преку кои се објавени лажните видеа. Приведени се Н.С., У.И., како инеговиот син А.И.. Во службениот разговор, А.И. признал дека тој ги изработил и пласирал лажните видеа. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Еден загинат и тешко повредено 18-годишно момче во директен судир на две возила на експресниот пат Штип – Велес

Загина 26-годишник од Форино, со автомобилот излетал од пат

Катерина Ѓуровски

Кавадарчанец ги злоставувал 16-годишните ќерки

Куршуми и брканици, осуденици од Издризово бегале од полиција со ренџ ровер, завршија во ендек

Катерина Ѓуровски

Ја нападнал партнерката и и го зел тримесечното бебе

Катерина Ѓуровски

Прегазени две девојчиња од 12 и 13 години во Скопје