Алфа телвизија ги изготви најавените списоци за евалуација на вработените кои ќе бидат основата за бркање од работа на 13 вработени. Откако менаџментот поради превработеност се одлучи на овој чекор, комисија од Алфа предводенa од главниот и одговорен уредник Коле Чашуле ги оцени вработените.
Според анализата, искусни новинари со над 25 години новинарско искуство како Санта Аргирова водител на „Пресинг“,Искра Новаковска поранешен главен и одговорен уредник и Јасминка Аневска се со најниски оценки.
Иронијата во цела ситуација е што млади новинари кои во дескот на Алфа работат само по една година имаат повеќе бодови за успешност во споредба со оние со над 25 години стаж во новинарството.
Во новинари репортери како неуспешни се рангирани искусни новинари-Христијан Стојчевски од економската редакција, Љубиша Арсиќ.
Од шеснаесет лица кои ќе си одат од Алфа како технолошки вишок седум се новинари од информативната редакција и од културно контактната редакција.
Освен новинари Алфа ќе ја напуштат графички дизајнери, реализатор организатор но и маркетинг агент.
Вработените се оценувале по четири критериуми од кои два се субјективни оценки на претпоставените или успешност на вработените и вид и значење на работното место.
Дали оценката е субјективна? Од новинарите во Алфа најдобар е Коле Чашуле-главен и одговорен уредник на информативната редакција, или новинар со најмногу бодови за успешност но и поради значење на работното место. Тие што се најдоа на листата го знаеа ваквиот исход уште претходно и знаеа дека е ова начинот безболно да се ослободат од нив. Тие во неколку наврати се жалеа дека не добиваат задачи, или ако нешто сработат сами не може да пројде.
Вработените во Алфа телевизија имаат рок од пет дена за да се жалат на резултатите од евалуацијата.
Понатаму Алфа има рок од 60 дена да ја состави листата на 16 лица од кои седум новинари и ќе бидат прогласени за технолошки вишок.