Објавени добитниците на наградата „23 Октомври“

Од:

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври” во 2014 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно – историското наследство на Македонија донесе одлука според која во областа на науката и образованието наградата и се доделува на проф. д-р Анастасика Попоска, специјалист-ортопед.

Во однос на остварувањето во областа на културата и уметноста, Одборот чиј претседател е академик Владо Матевски, наградата им ја доделува на писателот Милош Линдро, ликовниот уметник Доне Милјановски, на Димитар Узунски, народен уметник, фолклорист и Македонската филхармонија, соопштува Министерството за култура.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 октомври 2014 година во 12 часот во Собранието на Република Мaкедонија.

Би можело да ве интересира

Директорот ги „шпионира“ вработените во АХВ со камери, ги демне по цел ден во неговата канцеларија

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари