Објавена програмата за карневалските празнувања во Струмица

Од:

Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал ја објави програмата за годинашните карневалски празнувања, кои почнуваат на 6 март со симболичното предавање на клучот од градот на карневалистите од страна на градоначалникот, а завршуваат на 13 март.

На 7 наредниот месец ќе бидат објавени резулатите од конкурсот на тема карневал што го организира струмичката библиотека, потоа изложба на фотографии од ланскиот карневал и традиционалниот концерт под маски на учениците од Музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица.

Со традиционалниот маскенбал (8 март) и изборот на принц и принцеза на струмичкиот карневал традиционално официјално почнува карневалската забава во градот под Царевите Кули. Принцот и принцезата со кралот на струмичкиот карневал ќе ја предводат големата карневалска поворка (9 март) на интернационалната карневалска вечер и ќе го означат почетокот на годинашното издание на еден од најпознатите карневали на Балканот и во Европа.

Карневалските празнувања годинава продолжуваат со Детскиот карневал на Прочка, на 10 март на плоштадот во Струмица, а на 11 март е чист понеделник, кога традиционално се вари и се консумира бел грав. Истиот ден, ќе бидат објавени и резултатите за најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер и отворена изложбата и доделени наградите од наградниот конкурс за карикатури и афоризми на тема карневал.

Традиционалното карневалско корзо, посетата на домовите на армасаните (верените) девојки, како и доделувањето на наградите на најдобрите карневалски маски ќе се одржи на 12 март.

Карневалските празнувања ќе завршат на 13 март со одбележувањето на тримерските обичаи и враќањето на клучот од градот од карневалистите на градоначалникот.

Би можело да ве интересира

Флекс Кредит еден од генералните спонзори на Струмичкиот карневал

Карневалските празнувања во Струмица продолжија со Детскиот карневал

Цел свет на дланка на Струмичкиот карневал

Избрани принцот и принцезата на Струмичкиот карневал

Вечер почнуваат карневалските празнувања во Струмица

Струмичкиот карневал ќе се одржи на 16 март