Објавена Методологијата за спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите 2021.

Од:

Врз основа на Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, а со цел единствена примена на методолошките основи при попишувањето, директорот на Државниот завод за статистика ја објави Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, соопштија од Влада.

Методологијата, како што истакнаа од Влада, има за цел обезбедување единствени принципи за организирање на попишувањето и единствена примена на методолошките основи при попишувањето и е наменета за сите учесници во пописот утврдени со Законот за попис, но и за сите корисници на резултатите од пописот. Таа ги содржи сите потребни методолошкo-организациски и технички објаснувања, со цел да се обезбеди единствена примена на новиот комбиниран методолошки пристап и новата технологија за спроведување на пописот.

– Комбинираниот пописен метод, кој се воведува за успешно спроведување на пописот е сложен методолошки и технолошки пристап. Обезбедува повеќе можности, базирајќи се на комбинација на податоци добиени на терен преку индивидуално попишување и со користење на податоци од претпописната статистичка база на податоци добиени од постоечки регистри поврзани со користење на Единствениот матичен број на граѓанинот, наведоа од Влада.

Дополнително, како што посочија, за првпат теренско попишување ќе се спроведува со користење на преносни компјутери од попишувачите, поврзани на посебно развиена веб-апликација поставена на cloud (облак), наместо хартиени прашалници.

– На овој начин се намалува потребното време за прибирање на податоците, се намалуваат трошоците за пописната операцијата, потребно е помалку време за обработка на податоците, конечните податоци од пописот ќе се добијат побрзо и ќе се обезбеди многу повисоко ниво на квалитет на податоци од пописот, истакнаа од Влада.

Соопштија дека единиците кои ќе бидат опфатени со Пописот се: лицата, домаќинствата и становите, односно живеалиштата.

Според Државниот завод за статистика, Пописот ќе обезбеди податоци за три категории на население и тоа: вкупно резидентно население, вкупно нерезидентно население и вкупно попишано население – категорија која ги опфаќа претходните две категории население.

– Комбинираниот метод применува претпописна база на расположливи, односно сублимат на бази и податоци од Министерството за внатрешни работи, Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за образование и наука, Агенцијата за вработување, Министерството за труд и социјална политика, Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, Управата за јавни приходи, Управа за водење матични книги, Катастар на недвижнини и расположливите податоци во Државниот завод за статистика од редовните статистички истражувања во поглед на образование, витална статистика, бизнис регистер и друго. Дополнително проверка ќе се прави со базите на Фондот за здравствено осигурување, образложија од Влада.

Пописот, додадоа, ќе го врши еден или најмногу двајца попишувачи, со најстрого почитување на здравствените протоколи од Министерството за здравство, врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести.

– Пописот, како најзначајна статистичка операција, е дефиниран според правната рамка и согласно стандардите на Обединетите нации и Евростат, како и друга меѓународна и домашна регулатива. Попишувањето на населението, домаќинствата и становите како сериозна операција ќе даде базична основа за подготвување на квалитетни политики за општествен и економски развој на државата, кои се од интерес за сите граѓани и затоа е потребно сите да се вклучат во пописот 2021 година, заклучија од Влада.

Би можело да ве интересира

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати

Апелирам Македонците од Албанија масовно да учествуваат во пописот, порача Мицкоски

А1он

Ревизија на Пописот: Софтверот за дијаспората бил набавен од спонзор за кој не знаеле во министерство за правда

A1on

Васил Стерјовски: Македонците во Албанија се уценети од Софија да се попишат како Бугари

A1on

Симовски: Направивме попис, но последниве четири години немаме вработено ниту еден човек, а напуштија повеќе од 100

Маја Илиевска-Пачемска