Објавена листата на највисоките мажи на светот: Мажите од Македонија не се ни меѓу првите 50 највисоки во светот

Од:

Веб-страницата World of Statistics објави податоци за просечната висина на возрасни мажи во светот. Како што навеле во објава на Твитер, највисоки се мажите во Холандија – во просек 182,54 см. Следуваат Белгијците и Естонците со просек од 181,70 и 181,59 см, а потоа Летонците (181,42 см) и Данците (181,39 см).

Македонските мажи не се ни меѓу првите 50 највисоки во светот. Меѓу земјите во регионот, највисоки мажи се од Босна и Херцеговина (180,87 см), кои се на шестото место на оваа листа, а веднаш зад нив се Хрватите (180,78) и Србите (180,57 см). Кога ќе се пресмета светската просечна висина на мажите таа е 171,28 см.

Листата на највисоки мажи изгледа вака:

🇳🇱 Холандија: 182,54 см
🇧🇪 Белгија: 181,70 см
🇪🇪 Естонија: 181,59 см
🇱🇻 Латвија: 181,42 см
🇩🇰 Данска: 181,39 см
🇧🇦 Босна и Херцеговина: 180,87 см
🇭🇷 Хрватска: 180,78 см
🇷🇸 Србија: 180,57 см
🇮🇸 Исланд: 180,49 см
🇨🇿 Чешка: 180,10 см
🇩🇪 Германија: 179,88 см
🇳🇴 Норвешка: 179,75 см
🇫🇷 Франција: 179,74 см
🇸🇪 Шведска: 179,74 см
🇫🇮 Финска: 179,59 см
🇦🇺 Австралија: 179,20 см
🇮🇪 Ирска: 178,93 см
🇨🇭 Швајцарија: 178,42 см
🇨🇦 Канада: 178,09 см
🇮🇹 Италија: 177,77 см
🇬🇧 ОК: 177,49 см
🇦🇹 Австрија: 177,41 см
🇵🇱 Полска: 177,33 см
🇬🇷 Грција: 177,32 см
🇺🇸 САД: 177,13 см
🇪🇸 Шпанија: 176,59 см
🇷🇺 Русија: 176,46 см
🇰🇷 Јужна Кореја: 174,92 см
🇦🇷 Аргентина: 174,62 см
🇹🇷 Турција: 174,21 см
🇮🇷 Иран: 173,57 см
🇧🇷 Бразил: 173,55 см
🇺🇾 Уругвај: 173,43 см
🇵🇹 Португалија: 172,93 см
🇸🇬 Сингапур: 172,57 см
🇨🇳 Кина: 171,83 см
🇻🇪 Венецуела: 171,59 см
🇯🇵 Јапонија: 170,82 см
🇲🇦 Мароко: 170,40 см
🇰🇪 Кенија: 169,64 см
🇹🇭 Тајланд: 169,16 см
🇲🇽 Мексико: 169,01 см
🇲🇾 Малезија: 167,88 см
🇸🇦 Саудиска Арабија: 167,67 см
🇵🇰 Пакистан: 166,95 см
🇿🇦 Јужна Африка: 166,68 см
🇳🇬 Нигерија: 165,91 см
🇮🇳 Индија: 164,95 см
🇮🇩 Индонезија: 163,55 см
🇳🇵 Непал: 162,32 см
🇱🇦 Лаос: 160,52 см
🇾🇪 Јемен: 159,89 см

Би можело да ве интересира

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

Орце Костов

Во Австралија отворена првата „сигурна куќа“ за мажи-жртви на семејно насилство

Жарко Настоски

Карикатура во „Ла Република“: Жените со препреки, а мажите лесно во кариерата

Евростат: Жените во ЕУ добиваат и над 20% пониски плати од мажите

Ана Ололовска

Секое петто лице смета дека жените се инфериорни во однос на мажите

Наум Локоски

Mажите на убавина трошат повеќе пари од жените

Ана Ололовска